Германската полиција се уште не го објави идентитет на напаѓачот во Хамбург каде што во зградата на Јеховините сведоци уби седум лица, а најмалку осум се ранети.
Полицијата за напладне најави прес-конференција за да открие повеќе информации.
Германските медиуми јавуваат дека напаѓачот наводно е поранешен член на заедницата на Јеховините сведоци и има меѓу 30 и 40 години.
Тој убивал луѓе со пиштол, кој се уште не се знае дали го поседувал легално. Досега не и’ бил познат на полицијата.
Во четири наврати слушнав истрели. Помеѓу истрелите имаше околу 20 секунди до една минута молчење. Погледнав низ прозорецот и видов едно лице како избезумено трча од приземјето кон првиот кат на зградата на Јеховините сведоци. Подоцна видов полицајците вадат луѓе на улица, вели студентот кој живее во зградата спроти.
„Имаше пукање на последниот кат и таму беше пронајдено мртво лице. Претпоставуваме дека тоа е сторителот“, изјави Холгер Верен од полицијата во Хамбург за германскиот портал t-online.de. Се уште не е јасно дали навистина се работи за сторителот.
Според информациите од безбедносните кругови, полицијата во Хамбург ги оквалификувала престрелките како варварски изолиран чин. Заднината на пукањето или мотивот се уште се нејасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.