Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.

Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.

Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.

Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж кој бил вооружен со нож и железна шипка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.