Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека медицинската професија во Белгија станала многу поинтернационална, пренесува белгиска новинска агенција. Според извештајот, бројот на странски лекари кои работат во Белгија е двојно зголемен за 11 години и сега надминува 10 илјади.
На секои 100 лекари во Белгија, 14 се обучени во странство, пишуваат весниците „Латсте Њуз“ и „Moрген“. Пред 20 години само четири отсто од лекарите биле од странство.
Најмногу лекари доаѓаат од соседна Франција (1.620) и Холандија (1.590), како и од Романија (1.558 лекари). Други популарни земји се Полска, Португалија, Бугарија и Италија.
Ова е тренд кој врши притисок врз квалитетот на белгиското здравство. Ние не знаеме речиси ништо за квалитетот на сите овие дипломирани лекари, а многу од нив едвај зборуваат француски, а да не зборуваме за холандски“, вели за „Морген“, професорот по семејна медицина Дирк Девруј од Слободниот универзитет во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.