Најмалку три лица се убиени во вторникот во напад со нож во Беер Шева (Бершеба), град во пустината Негев на југот на Израел, објавија безбедносни извори.

Маж влегол во трговскиот кварт во градот и со ниж нападна и ранил цивили, соопшти израелската полиција којашто изрази сомневање дека станува збор за „терористички чин“.

Според полицијата, осомниечениот со нож ѝ задал удар на жена, а потоа со своето возило удрил велосипедист и продолжил да вози кон трговски центар каде излегол од автомобилот и со нож избодел уште една жена и еден маж.

Цивилите кои се нашле на местото на нападот отвориле оган кон напаѓачот и успеале да го „неутрализираат“, додаде израелската полиција без да појасни дали осомничениот е сѐ уште жив.

Центарот Маген Давид Адом, што е изралеска служба еквивален на Црвениот крст, потврди дека трите жртви се мртви.

Израелскиот премиер Нафтали Бенер кој штотуки се врати во земјата од регионален самит во Египет каде се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и си емирот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Заед, е запознат со нападот во Беер Шефа се консултира со министерството за јавна безбедност и полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.