Пет лица се повредени утрово во украинското гранатирање на Белгород, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

Тој додаде дека во нападот оштетени повеќе од 30 станови во шест висококатници и 10 автомобили, а околу 5.000 жители останале без напојување со електрична енергија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети РМ-70 Вампир се соборени над регионот Белгород. Непосредно пред тоа била прогласена ракетна закана во Белгород и Белгородската област



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.