Израелски воени авиони попладнево извршија серија напади врз јужни предградија на Бејрут, објавија либанските државни медиуми.

Портпаролот на ИДФ (Израелската армија) Даниел Хагари изјави дека израелските ВВС го нападнале главниот штаб на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут. Хагари вели дека штабот бил изграден под цивилни згради во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах во Бејрут.

Снимките објавени од либанските медиуми ги покажуваат масовни напади.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека две лица загинале, а 76 се ранети во големиот денешен израелски воздушен напад во густо населените јужни предградија на Бејрут. Според министерството, станува збор за прелиминарен биланс.

Билансот вклучувал „15 за кои е потребна хоспитализација“, се додава во соопштението на Министерството.

Либанскиот премиер Наџиб Микати ја повика меѓународната заедница да го „запре“ Израел да води „геноцидна војна“ против Либан.

Оваа нова израелска агресија докажува дека израелскиот непријател не се грижи за сите меѓународни напори и повикува на прекин на огнот“, рече Микати, кој се наоѓа во Њујорк, во изјавата објавена од неговата канцеларија.

Тој ја повика меѓународната заедница да ја запре „Геноцидна војна што тој (Израел) ја води врз Либан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.