Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 59 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати.

Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел на Пелопонез. Бродот, за кој се претпоставува дека превезувал неколку стотици луѓе, тргнал од источна Либија кон Италија. Не е јасно дали се работи за рибарски или товарен брод.

Има драматичен пораст на бројот на смртни случаи кој се зголемува од час во час“, рече еден висок функционер. „Големите се шпекулациите дека на бродот имало дури 600 луѓе, но тоа не е потврдено. Бродот е под вода. Потона.

Околу 104 патници биле спасени до средата попладне, рече тој.

Грчкиот јавен радиодифузер, ЕРТ, објави сцени без преседан во Каламата, градот на Пелопонез, каде што беа однесени мртвите и повредените.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.