Израелските сили во вторникот се судрија со борците на Хамас во неколку области на Појасот Газа, а палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 50 лица загинале во израелските бомбардирања на јужните и централните области.

Палестинската исламистичка милитантна група Хамас го обвини Израел за интензивирање на нападите во Газа за да се обиде да ги попречи напорите на арапските посредници и САД да постигнат договор за прекин на огнот. Израел, пак, тврди дека се обидува да ги искорени борците на Хамас.

Во Рафах, јужниот пограничен град каде што израелските сили оперираат од мај, пет Палестинци се убиени во воздушен напад врз куќа, соопштија здравствените власти во Газа. Еден маж, неговата сопруга и двете деца биле убиени во блискиот град Кан Јунис

Подоцна во вторникот, во израелски воздушен напад врз возило загинаа најмалку 13 Палестинци, а во одделен напад во Кан Јунис биле ранети уште 26 луѓе. Во воздушниот напад е погодена и шаторска населба во која се сместени раселените семејства, соопшти Министерството за здравство.

Неколку часа подоцна, во израелски воздушен напад врз училиште во кампот Нусејрат загинале 16 лица, а многу други се ранети, соопштија здравствените власти. Нападот бил изведен врз училиште управувано од ОН, во кое биле сместени раселените семејства, објави Министерството.

Во нападот во областа Кан Јунис во последото деноноќие загинале повеќе од 90 луѓе а стотици сеа ранети, соопштија здравствените власти во Газа.

Напорите на Египет и Катар и нивното посредување да се стави крај на конфликтот и да се ослободат израелските заложници во Газа, како и малолтните Палестинци од израелските затвори, се чини дека постигнаа одреден напредок, велат преговарачите. Разговорите заглавија во саботата, откако тридневните интензивни разговори не дадоа поволен исход, изјавија египетски безбедносни извори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.