Повеќе од двајца од пет работници на аеродромите во Велика Британија размислуваат да ја напуштат индустријата, покажуваат резултатите од најновото истражување на „СиВи Лајбари“ (CV-Library).

Анкетата спроведена на 1.700 работници покажува дека тие сакаат да се откажат од својата работа поради повисока плата и помалку стрес.

Само пет проценти од испитаниците ја обвинија моменталната ситуација на аеродромите во Велика Британија, каде што имаше долги одложувања во изминатите месеци. Двајца од тројца од анкетирани изјавиле дека немаат зголемување на платите во изминатите 12 месеци.

Извршниот директор на „СиВи Лајбари“ Ли Бигинс истакна дека поради „хаосот во индустријата, не е изненадување што толку многу аеродромски работници размислуваат да заминат“.

Обидите да се свртат работите досега ја промашија целта и, со шпицот на сезоната сега пред нас, потребна е итна акција. Врз основа на нашите податоци и гласот на сегашните и поранешните авиокомпании и аеродромски работници, доколку се зголемат платите и бенефициите, кризата би можела да се надмине, наведе Бигинс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.