Најмалку 35 лица се убиени во напад на рудник за злато во областа Итури, во со конфликт зафатениот североисточен дел на Демократска Република Конго, соопштија локални извори.

Жан-Пјер Бикилисенде, претставник на локалните власти во Итури, изјави дека нападот го извршиле припадници на Кодеко-полицијата. Нападот бил извршен врз рудникот за злато Камп Бланкет, од каде биле извадени 29 тела, додека од јама во близина биле откопани уште шест јагленосани тела.

Тој додаде дека меѓу убиените има и четиримесечно бебе.

Ова е планиран напад, изјави Бикилисенде бидејќи имало и тела на други убиени луѓе фрлени во рудниците.

Уште неколку цивили се водат како исчезнати, а потрагата по нив продолжува, додава тој.

Самиот рудник се наоѓа во шумски дел на ДР Конго, далеку од најблиската воена испостава така што помошта стигнала предоцна.

Според Херубин Кукундила, инаку цивилен лидер во Мунгвалу, во нападот се убиени најмалку 50 луѓе.

Неколку лица се повредени, од кои девет потешко. Тие се лекуваат во болница во Мунгвалу, изјави тој.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.