Најмалку 178 лица загинале во катастрофалните поплави во Авганистан, како последица на обилните врнежи дожд што го зафатија регионот изминатите неколку седмици.
Насим Хакани од талибанската управа за справување со кризи соопшти дека најмалку 250 лица се повредени во поплавите што зафатија 13 од 34-те провинции на Авганистан.
Повеќе од три илјади станбени објекти се делумно или целосно уништени, илјадници хектари земјиште се под вода, а стотици грла најразлична стока се исчезнати.
На луѓето им е потребна помош, во услови кога се соочуваат со огромни човечки и финансиски загуби. Некои семејства изгубија се што имаа во поплавите – изјави Хакани.
Талибанците, коишто ја презедоа власта во земјата од август минатата година, тврдат дека обезбедиле вонредна помош за настраданите подрачја, а во евакуација на најзагрозените се вклучени и хеликоптери на воената авијација.
Сепак, се почести се информациите за нерамноправна распределба на помошта, со забелешки дека таа пристигнува само кај оние што го поддржуваат талибанскиот режим.
Сезонските поплави се редовна појава во Авганистан, но изминатиот период во земјата се забалежани невообичаено обилни врнежи дожд. Податоците на ОН укажуваат дека од природните непогоди годишно во земјата се засегнати 200 илјади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.