Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот.

Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска област Емилија Ромања.

Причината за судирот засега не е јасна. Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција АНСА. Едениот воз удрил во другиот одзади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.