Палестинските медиуми објавија дека од утрово се убиени најмалку 160 Палестинци, а повеќе од 1.000 се ранети.
Според болничките податоци, станува збор за жртви на нападите на израелските воздухопловни сили и судирите со израелските сили на југот на Израел, пренесоа израелските медиуми.
Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, рано утринава изврши напад без преседан врз Израел, истрелувајќи илјадници ракети додека десетици борци се префрлаа преку границата на неколку локации во јужен Израел.
Израелската спасувачка служба соопшти дека најмалку 40 луѓе загинале, и над 770 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.