Најмалку 11 луѓе се убиени а 15 се ранети во напад на воена обука крај рускиот град Белгород на самата граница со Украина, кога двајца напаѓачи отвориле оган врз група доброволци, известува руската новинска агенција РИА.
Министерството за одбрана наведува дека двајцата напаѓачи се државјани на една од земјите на Заедницата на независни држави, поранешните советски републики, но засега не се открива од која.
Се прецизира дека инцидентот се случил во текот на подготовка за гаѓање со доброволци кои сакале да заминат на боиштето во Украина. Напаѓачите отвориле оган од оружјето на еден припадниците на доброволечката единица.
„Терористите се ликвидирани во возвратен оган. На местото на настанот работат припадниците на органите на редот“, се додава во првичното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.