Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени кога зграда на фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар, соопшти претставник на пожарникарите.
Пожарот избувна синоќа во северниот дел на индиската престолнина по експлозија во фабрика и зафатил два магацина и центар за лекување на зависности кои се наоѓаат во близина, јави индиската НДТВ.
Претставник на противпожарната служба изјави дека на местото на настанот се испратени шест противпожарни возила и дека пожарот е ставен под контрола во рок од четири часа.
Четири лица повредени во пожарот, меѓу кои и еден полицаец, се згрижени, а се стравува дека уште две лица се заробени во урнатините.
Пред избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија во фабриката, а властите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од хемикалии складирани таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.