Најмалку 102 лица се повредени во судир на вагони во метрото во Пекинг, јавија денеска кинеските државни медиуми.
До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 се здобиле со скршеници“, јави денеска државната телевизија Си-Си-ТВ (CCTV).
До 6 часот утрово, 423 лица беа пуштени од болница,а 67 други се уште добиваат третман, додека 25 лица се под опсервација. Не се регистрирани смртни случаи, објавија државните медиуми.
Несреќата се случила синоќа, за време на шпицот, во дел од метрото што не е под земја.
Според првичните информации, снегот на шините ја нарушил железничката сигнализација и довел до нагло кочење.
Во Пекинг во изминативе денови падна големо количество снег и сообраќајот се одвива отежнато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.