Русија за време на претходната ноќ покренала невиден воздушен напад на градовите ширум Украина.

На мета биле Киев, Харков, Николајев, Лавов…

Украинскиот претседател Володомир Зеленски наведува дека Русија за време на ноќта испалила 110 проектили и дека повеќето се соборени.

Ќе одговориме на терористите – наведува Зеленски.

Портпаролот на украинското воено воздухопловство, Јуриј Игнат наведува дека Русија ги лансирала сите ракети освен Калибра.

Никогаш не сме виделе толку мети на нашиот монитор во исто време- рекол Игнат.

Русија, според не неговите зборови, за напад користела беспилотни летала, Кинжале, С-300, Кh-32…Околу 18 стратешки бомбардери, вклучувајќи и ТУ-95МС, лансирале и ракети Кh-101.

Украинските и руските блогери наведуваат дека во прашање е можеби и најголемиот воздушен напад од почетокот на војната. Нападот почнал околу полноќ со налет на дронови на Одеса, после што се испукани неколку десетици проектили на цели ширум земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.