На состанок на комитетот за безбедност на израелската влада е договорено Израел силно да одговори на вчерашниот ирански ракетен напад, јавуваат израелските медиуми.

Состанокот го свикал претседателот Бенјамин Нетанјаху, а на видеото објавено од неговиот кабинет се гледа дека присуствувале директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, потоа директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, началникот на Генералштабот, Херци Халеви и министерот за одбрана Јоав Галант.

Одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика „значителна финансиска штета“, објави „Тајмс оф Израел“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.