Половина милион бегалци пристигнаа од Украина во соседните земји по руската агресија врз земјата, во која загинаа повеќе од 100 цивили, соопштија агенциите на ОН. Во извештајот што го добија службите на високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди се вели дека се изброени 499.412 бегалци, од кои 281.000 се само во Полска.

Друга агенција на ОН, Агенцијата за човекови права, објави дека од почетокот на руската инвазија на Украина биле убиени 102 цивили, меѓу кои 7 деца и 304 повредени. Таа предупреди дека реалните бројки се веројатно значително поголеми.

Повеќето од загинатите цивили беа жртви на експлозии со широк опсег на дејствија, особено тешка артилерија, ракетни фрлачи и воздушни напади. Вистинските бројки се, се плашам, многу поголеми, рече високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.