Над 100 луѓе загинале во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија палестинските медиуми.
Бројот на загинатите сега е 100, има уште десетици ранети. Три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци“, изјави портпаролот на палестинската Агенција за цивилна одбрана, Махмуд Басал.
Израелската војска соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај.
Палестинската воена група Исламски џихад соопшти дека нападот се случил „за време на утринска молитва“.
Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека „голем дел од повредените се во тешка и критична состојба“.
Во училиштето имало околу 250 жени и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.