Изминатите денови значително е влошена ситуацијата на источниот фронт, изјави началникот на украинската армија Александар Сирски.

Тој наведе дека е интензивирана руската офанзива, посебно на подрачјето на градот Часив Јар.

Ситуацијата на Источниот фронт значително се влоши изминатите денови. Ова главно се должи на зголемената непријателска офанзива по претседателските избори во Русија, што се одржаа во средината на март, напиша Сирски на Телеграм.

Часив Јар е место на околу 30 километри југоисточно од Краматорск, главниот град на регионот под контрола на Украина и важен железнички и логистички центар за украинската војска.

Киев со месеци бара од западните сојузници повеќе муниција и системи за противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.