Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Велика Британија, генерал Патрик Сандерс, изјави дека украинските беспилотни летала во пгромна мера се покажуваат немоќни поради ефектот на руските системи за електронско војување.

Најреволуционерниот аспект на овој конфликт (во Украина), кој може да се нарече „Кембриска експлозија“, е ненадејната појава на автономни (беспилотни) системи во големи количини. Сепак, не сите такви системи се ефективни, па неодамна беше евидентирано дека 80 отсто од (украинските) беспилотни летала не можат да навлезат поради електромагнетното опкружување и ефективноста на руските системи за електронско војување“, изјави Сандерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.