Началникот на американскиот Здружен Генералштаб, генерал Марк Мили, телефонски разговарал со својот белоруски колега, генерал Виктор Гулевич, за да се спречат можни „несреќни инциденти“ во време кога во Белорусија почнаа големи воени вежби со Русија.
Телефонскиот разговор, прв на двајцата воени заповедници, е реализиран првенствено за да се намалат ризиците од инцидент и да се разменат мислењата за актуелната европска безбедност – изјави портпаролот на американскиот Генералштаб, Дејв Батлер.
Тој појасни дека двајцата генерали се договориле да не се објавува содржината на разговорот.
Руската и белоруската армија денеска почнаа големи маневри во Белорусија, гранична земја со Украина, која е во центарот на тензиите меѓу Русија и Западот и во време кога се водат интензивни дипломатски напори за смирување на кризата.
Руската и белоруската армија не прецизираа колку војници и опрема учествуваат на воените вежби, но Западот тврди дека за таа цел во Белорусија се распоредени 30.000 руски војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.