Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, обвини дека вработените во Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ шпионирале во интерес на Киев.

Уште еднаш видовме какви валкани трикови сте подготвени да направите за да изградите таканаречен светски поредок заснован на правила кога најдовме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, наместо да ги набљудува и евидентира прекршувањата на примирјето, едноставно шпионирала за Киев и ги препраќала до украинските војници снимките од надзорните камери за да го корегираат огнот – истакна Пољански, обраќајќи им се на неговите западни колеги во Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека собирањето дополнителни докази за овој крајно непријатен факт сè уште трае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.