Израелските сили на окупираниот Западен Брег ја убиле новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Новинарката била убиена додека известувала за израелските напади во близина на градот Џенин, информира Нида Ибрахим од Ал Џезира.

– Она што досега го знаеме е дека палестинското Министерство за здравство ја објави нејзината смрт. Ширин Абу Аклех известуваше за настаните во Џенин, поточно израелскиот напад на градот во северниот дел на Западниот брег, кога беше погодена со куршум во главата, изјави Ибрахим од палестинскиот град Рамала.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.