Група од 111 лица се приведени вчера на протест против пензиската реформа во Франција, соопшти МВР на Франција. Повредени се 154 полицајци и жандарми, од кои некои потешко.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изрази поддршка за полицијата, жандармите и пожарникарите кои ги штитат демонстрантите и јавниот и приватниот имот. Дарманен вчера распореди повеќе од 11.000 полицајци. Околу 570.000 луѓе демонстрираа вчера во Франција, од кои 57.000 во Париз, на 11-тиот ден од протестите против пензиската реформа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.