Вооружената сириска група, таканаречена Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, зезела голем број владини згради во североисточниот град Камишли за да извршат притисок врз официјален Дамаск да ја прекине опсадата на областите во Алепо кои се под контрола на Курдите.
Припадниците на безбедносните сили на СДФ ги окупираа зградите на Дирекцијата за финансии, Синдикатот на наставници, Сириската жутна фондација, Револуционерниот младински сојуз, Културниот центар и образовниот комплекс – се наведува во соопштение на групата.
Ден претходно, СДФ распореди големо засилување околу делот на Камишли што го држи владата, каде што се присутни трупите на Сириската арапска армија (САА) и силите за национална одбрана. СДФ, наводно, презела слични мерки околу владината „безбедносна зона“ во срцето на североисточниот град Хасака.
Сите овие мерки имаат за цел да извршат притисок врз Дамаск да ја прекине опсадата наметната од САА во областа Шеик Максуд во градот Алепо под контрола на СДФ. Опсадата почна неколку недели порано како одговор на наводниот напад на милитантите кои се кријат во областа.
Русија е во преговори и со Дамаск и со СДФ за изнаоѓање решение за актуелната криза. Неодамнешните потези на СДФ, особено во Камишли, нема да помогнат во напорите на Русија за постигнување такво нешто.
СДФ веројатно нема дополнително да ескалира против Дамаск затоа што ССА и руските сили ја штитат територијата на групата во северна и североисточна Сирија од турската војска и нејзините сојузници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.