Несоодветен начин закопување на мртвите и летните дождови може да доведат до појава на епидемија во Мариупол, стравува градоначалникот на градот Вадим Бојченко.

Покрај хуманитарната катастрофа предизвикана од окупаторите и нивните соработници, градот е на работ на избувнување на епидемија на заразна болест. Околу 100.000 луѓе се уште живеат без вода. Канализацијата не функционира. Погребите на покојниците се хаотични и неуредни. Кога ќе почнат летните дождови типични за Мариупол, сето тоа ќе стигне до реките, морето и изворите од кои луѓето ја добиваат водата. Затоа ни се потребни одржливи зелени коридори за евакуација на жителите на Мариупол. Заедно со меѓународните партнери мора да направиме се за да ги спасиме граѓаните“, апелирал градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.