Во близина на градот Гриндавик во југозападниот дел на Исланд, вчера се регистрирани околу 300 земјотреси, најмногу околу полноќ, а Исландската метеоролошка служба продолжува да предупредува на „постојаната опасност од непосредна вулканска ерупција“.

Најсилниот од околу 300 земјотреси бил со јачина од три степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на пет километри североисточно од Гриндавик.

Пред две недели, целиот град беше евакуиран откако беше забележана сеизмичка активност предизвикана од магма, предизвикувајќи бројни пукнатини и дупки на улиците на градот, објави „Индипендент“.

Сепак, Метеоролошката служба на островската држава вели дека „сеизмичката активност благо се намалува“ и дека со текот на времето се намалува и веројатноста за вулканска ерупција. Од цивилната заштита на Исланд за лондонскиот весник изјавија дека се уште е опасно во таа област.

Никогаш не сум видел вакво нешто. Вообичаено, имаме неколкуминутно предупредување да излеземе надвор, но со временски услови како денешните, немаме толку време“, рече анонимниот службеник за цивилна заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.