Од почетокот на руската воена акција во Украина, во соседна Полска преминале 156 илјади украински бегалци. На границата се формирани долги колони, а на украинска страна од премините се чека и по 70 часа.

Од избувнувањето на војната 156 илјади бегалци пристигнаа во Полска. Ги прифаќаме сите оние кои бегаат од војната. Украинската страна е подготвена да прими помош за оние кои чекаат да ја преминат границата – изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи и администрација Блажеј Побожи.

Портпаролот на Локалната полска гранична стража, Дариуш Шиниецки, соопштува дека Полска на сите гранични премини овозможила премин на граничната контрола и пешки, освен на преминот Дорохуск каде што се чека најдолго за влез во Полска.

Полско-украинската граница е долга 535 километри и има шест патни и шест железнички гранични премини. Најмало задржување на бегалците од Украина е на два премини каде за тоа се тие чекаат 20 односно 24 часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.