Некои сојузници на потпретседателката на САД Камала Харис го обвинуваат шефот на државата во заминување Џозеф Бајден за нејзиниот пораз на претседателските избори, наведувајќи дека требало порано да се повлече од трката, јавија американски медиуми.
Додека демократите бараат контрола на штетите по изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на 5 ноември, некои од сојузниците на Камала Харис велат дека исходот бил „запечатен“ со одлуката на Бајден да остане во трката до летото, и покрај долготрајната загриженост на гласачите за неговото здравје и незадоволство поради високата инфлација и масовниот прилив на мигранти.
Неколку неименувани високи демократи, вклучително и тројца советници од изборниот штаб на Камала Харис, изразија длабоко незадоволство што 81-годишниот Бајден претходно не увидел дека не одговара на предизвикот.
Бајден (81) ја заврши својата реизборна кампања во јули, неколку недели откако дебатата со Трамп покрена прашања за неговата способност да биде кредибилен претседателски кандидат.
Сепак, анкетите одамна покажаа дека многу Американци се загрижени за возраста на Бајден. Во август 2023 година, околу 77 отсто од Американците рекоа дека Бајден е премногу стар за да биде ефективен уште четири години, според анкетата на Асошиетед прес-Норк.
Бајден се откажа од трката на 21 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.