Веганка е осудена за убиство на нејзиниот 18-месечен син кој страдал од неухранетост откако го хранела само со сирово овошје и зеленчук.

Шејла О’Лири (38) беше осудена на доживотен затвор по шест обвиненија: убиство од прв степен, тешка злоупотреба на деца, убиство од небрежност, злоупотреба на деца и две точки за запоставување на детето.

Езра О’Лири тежел само 8 килограми во моментот на неговата смрт во септември 2019 година – големина соодветна за седуммесечно бебе.

Шејла пред судот призна дека таа и нејзиниот сопруг Рајан О’Лири ги држеле своите деца на строга и диета со сирово овошје и зеленчук.

Мајката, исто така, тврдела дека го хранела своето дете со мајчино млеко, што не било докажано.

Адвокатите на судењето ѝ кажаа на поротата дека таа „избрала да го игнорира плачот на Езра“.

Нивните три други деца, на возраст од три, пет и 11 години, исто така, страдале од екстремно запоставување, според обвинителите.

Рајан О’Лири моментално го чека судењето додека е во затвор поради истите обвиненија како и неговата сопруга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.