Спорот меѓу гувернерот на Тексас Грег Абот и американскиот претседател Џо Бајден за прекумерниот број илегални мигранти кои ја минуваат границата повторно ги разгоре разговорите за можно отцепување на оваа сојузна држава.
– Тексас не може едноставно да се сети и да ги напушти САД – заклучува магазинот „Тајм“.
Мала група локални политичари тврдат дека Тексас има право повторно да биде независна држава, како што беше веќе во 19 век .
Во оваа сојузна држава има малку поддржувачи на независноста на Тексас, меѓутоа, поради чувствителноста на темата, нивните изјави добиваат релативно големо медиумско внимание.
Актуелниот конфликт меѓу Белата куќа и Тексас е поттикнат од ставот на државата дека федералната влада не прави доволно за да го спречи големиот број илегални мигранти кои секојдневно ја минуваат границата меѓу САД и Мексико. Инаку, лани во декември таа бројка беше рекордна за еден месец од почетокот на мерењето. Тогаш границата ја минале околу 250.000 луѓе.
Уставот вели дека федералната влада сама има овластување и одговорност да ги штити границите, меѓутоа, Тексас врие од премногу меките политики на Бајден. Како резултат на тоа, Тексас почна да гради бариери долж границата, вклучувајќи бодликава жица. Но, наскоро Врховниот суд ја овласти федералната влада и нејзините агенти да ја демонтираат жицата.
Тексас била независна држава од 1836 до 1845 година. Тексас прогласи независност од Мексико во 1836 година и беше анектиран од САД девет години подоцна. Потоа стана 28-та држава на САД.
Тексас прогласи независност уште еднаш за време на американската граѓанска војна. Потоа, со поразот на армијата на Конфедерацијата, тој ја загуби самопрогласената државност, која американските судови и онака ја протолкуваа како нелегална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.