Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе претстави документи кои ќе ја покажат реалната суштина на настаните во украинскиот град Буча, каде ѓто руските сили се обвинети за убиство на цивили.

Преку нашиот постојан претставник во ОН ќе организираме прес-конференција на која ќе бидат презентирани конкретни документи за вистинската природа на настаните – истакна Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека конференцијата ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк во 21:30 часот по македонско време.

Официјален Кремљ категорично ги отфрли сите обвиненија, поврзани со откривање на голем број тела на цивили во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев, по повлекувањето на руските сили.

Лавров фотографиите на загинатите ги нарече „лажни“ и ги оцени како дел од кампањата за „пропаганда“ и „дезинформација“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.