Русија вели дека забелешките на израелскиот министер за наследство Амихаи Елијаху дека се разгледува употреба на нуклеарно оружје во Газа покренуваат „огромен број прашања“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова додаде дека Израел се чини дека признал оти поседува нуклеарно оружје, „прашање кое намерно е двосмислено со децении“.

 Значи, слушаме официјални изјави за присуство на нуклеарно оружје?, праша таа, додавајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија треба да изврши увид.

Елијаху беше критикуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и суспендиран на неодредено време од состаноците на владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.