Руската војска соопшти дека убила околу 600 украински војници и припадници на нивните платенички одреди за време на неодамнешните воздушни и артилериски напади во јужниот регион Херсон и блискиот Дњепропетровск.
Во близина на селото Белогорка во регионот Херсон, со воздушни напади и артилериски оган е погодена привремена локација на 46-тата украинска воздушна бригада“, кажа денеска портпаролот на руското министерство за одбрана Игро Конашенков.
Над 400 украински војници биле убиени во нападот на привремената база, а уште 70 војници се убиени и 150 се ранети во ракетни напади на други места на фронтот во регионот Херсон, кажа Конашенков.
Над 80 „странски платеници“ загинале во ракетни напади во регионот Дњепропетровск.
Конашенков кажа дека се уништени неколку артилериски системи во изминатиот ден во регионот на Харков, вклучувајќи и напредни артилериски ракетни системи ХИМАРС, кои Киев ги добива од САД.
Москва јави дека руските сили уништиле вакви ракетни системи неколку пати претходно, што Киев и Вашингтон го негираа.
Објавените руски информации не се независно потврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.