Заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко денеска изјави дека нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но дека постојат ризици.

Грушко изјави за ТВ Русија-24 дека Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.

Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се случат – рече Грушко, додавајќи дека Русија е загрижена за испораката на оружје на Алијансата за Украина, и дека „сето тоа е многу опасно“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.