Во периодот од 18 часа од 31 декември до 1 јануари ќе биде ограничен пристапот на граѓаните до Црвениот плоштад и Плоштадот на Револуцијата во главниот град на Русија.
Иако 31 декември вообичаено е ден кога генерално се зголемуваат безбедносните мерки во многу градови низ светот, поради воените активности во Украина, властите во Москва одлучија да преземат дополнителни безбедносни мерки.
Според руските медиуми, Москва за време на новогодишната ноќ ќе ја активира противвоздушната и противракетната одбрана, а во целиот процес ќе бидат вклучени околу 20.000 војници.
Вкупно, за време на новогодишните празници и викендите, околу 20.000 војници на воздухопловните сили ќе бидат на борбена задача за противвоздушна одбрана.
Првата бригада ги извршува задачите за одбрана на руската престолнина од оружје за воздушен напад и балистички ракети. Како што е наведено во Министерството за одбрана на Русија, воениот персонал за време на викендот ќе служи во единиците за противвоздушна одбрана, на радарските станици и командните пунктови“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Годинава, за разлика од претходните, во Москва за време на новогодишните празници не очекуваат масовни настани и огномет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.