Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на овогодинешниот Г20 самит во Индонезија, изјави во средата рускиот амбасадор во островската држава, спротивно на тврдењата на некои земји дека Русија ќе биде исфрлена од оваа група

САД и западните сојузници проценуваат дали Русија треба да остане дел од форматот што ги обединува дваесетте најголеми економии во светот по нападот на Украина. Обидот за исфрлање на Русија може да наиде на вето од другите членови на групата и да резултира со неприсуство и на други држави, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори.

Амбасадорот на Русија во Индонезија, актуелен претседавач на Г20, рече дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на самитот во ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.