Руската армија соопшти дека регистрирала недозволен влез на американска подморница во руски територијални води и оти презела соодветни мерки подморницата да го напушти подрачјето.
Американската подморница била забележана за време на воената вежба во близина на Курилски Острови во Тихи Океан и било побарано да го напушти регионот. Но, откако не било исполнето барањето, екипажот на бродот „Маршал Шапошников“ морал да употреби соодветни мерки за да ја принуди американската подморница да замине од руските територијални води.
– Американската подморница со максимална брзина ги напушти руските територијални води, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Исто така се додава дека навлегувањето во руски територијални води не е инцидент, туку нарушување на интегритетот, поради што е повикан на разговор американскиот воен аташе.
САД се уште не го коментирале инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.