Русија го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, таа ќе преземе акција на Балтикот.
Не може повеќе да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа. Русија до денес нема преземено такви мерки и немала намера – изјави Дмитриј Медведев, пренесува Ројтерс.
Медведев е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија од 2020 година. Претходно беше претседател и премиер на Русија, а долги години е сојузник на Владимир Путин.
Финска и Шведска вчера направија голем чекор кон пристапување во НАТО, откако нивните премиери изјавија дека руската инвазија на Украина го промени „целиот безбедносен пејзаж“ на Европа и „драматично го обликуваше начинот на размислување“ во нордиските земји.
Финската премиерка Сана Марин во средата рече дека нејзината земја, која дели 1.300 километри граница со Русија, ќе одлучи дали ќе поднесе барање за пристапување во алијансата „прилично брзо, за неколку недели, а не за месеци“, и покрај ризикот да ја налути Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.