Гувернерот Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на ТикТок во Монтана, со што стана првата држава што целосно ја забрани апликацијата во САД.

Републиканскиот гувернер го потпиша законот во средата, велејќи дека забраната има за цел да ги заштити граѓаните од странско влијание, бидејќи ТикТок е во сопственост на „Бајтденс“ со седиште во Пекинг.

„Косристењето на ТикТок од страна на Кинеската комунистичка партија за шпионирање на Американците, кршење на нивната приватност и собирање на нивните лични, приватни и чувствителни информации е добро документирана“, се вели во соопштението на Џанфорте. „Денес, Монтана ја презема најодлучната акција од која било држава за да ги заштити приватните податоци и чувствителните лични податоци на Монтанците од собирање од страна на Кинеската комунистичка партија“.

Акцијата на државата следи по напорите во Конгресот, вклучително и двопартиски нацрт-закон во Сенатот, насочен кон ТокТок и други апликации од странски противници. Но, моментумот заглави во последниве недели откако либертаријанските членови како Ранд Пол (републиканец) и прогресивните демократи како Александрија Окасио-Кортез (демократ) се изјаснија против забраната.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, доколку судовите не постапат прво, а сите продавници за апликации што ќе понудат ТикТок на 1,1 милион жители на државата, ризикуваат да се соочат со казни што ги спроведува Министерството за правда во Монтана. Таа казна започнува со почетна казна од 10.000 долари по прекршување, а потоа и 10.000 долари на ден кога прекршувањето продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.