Силни и интензивни молњи рано утрово предизвикаа два различни шумски пожари во северозападниот дел на грчкиот остров Тасос, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од противпожарната служба на Грција, интервенираат 32 пожарникари со група пешадиски тим, 13 возила, еден авион и два хеликоптери, а помагаат и цистерни од општините.

Паралелно од градот Кавала со траект на островот се пренесуваат уште 18 пожарникари со група пешадиски тим и пет возила, а со хеликоптер на Тасос пристигнува уште еден пешадиски тим со осум пожарникари. ср



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.