Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.
Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на непријателот, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари.
Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко.
„Си-Ен-Ен“ истакнува дека не е познато дали се уште има борби во градот.
Украинските власти тврдат дека руските сили спречиле хуманитарни конвои безбедно да се приближат или да излезат од градот.
Потребна ни е целосна евакуација од Мариупол. Нашата најважна мисија денес е да го спасиме секој живот… И има надежи дека ќе успееме. На пример, има 26 автобуси кои треба да одат до Мариупол за да евакуираат, но за жал, тие не добија дозвола за движење, вели градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.