Руската војска да го напушти Придњестровје, порачаа властите во Молдавија.

Земјата сака мирно решение на конфликтот, вели молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

„Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим“, рече Гаврилица.

Вели дека официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани.

Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 држави беа воздржани.

Молдавија на почетокот на месецот објави дека се подготвува за можни итни случаи. Таа ќе добие воена помош од Еврпската Унија(ЕУ).
Проруските сепаратисти од самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, неодамна тврдеа дека украинските сили се одговорни за бројни напади и експлозии, и се јави стравот дека и Молдавија може да биде вовлечена во конфликтот.

Прорускиот регион од 420.000 луѓе е отцепен од Молдавија и е доста сиромашен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.