Поранешната советска република Молдавија го затвори својот воздушен простор, пишува Sky News, повикувајќи се на соопштение на националната авиокомпанија „Ер Молдавија“.
Авиокомпанијата ги повика патниците „да останат смирени“, додавајќи дека подоцна ќе објави повеќе информации. „Почитувани патници, во овој момент воздушниот простор на Република Молдавија е затворен. Чекаме обновување на летовите“, стои во известувањето што го добиле патниците на „Ер Молдавија“.
Да потсетиме, вчера претседателката на Молдавија, Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да организира државен удар. Санду рече дека планот предвидува влез на руски, белоруски и српски граѓани во Молдавија за да се поттикнат протести и „да се смени легитимно избраната влада во нелегална влада контролирана од Руската Федерација“.
Москва негираше обид за каква било интервенција во Молдавија, а Белата куќа ги нарече извештаите за наводниот обид за државен удар „длабоко вознемирувачки“, додавајќи дека тие не се независно потврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.