Молдавската премиерка Наталија Гаврилица, изјави дека Молдавија, со помош на ОН, бара повлекување на руската армија од територијата на Придњестровје, бидејќи сака да се најде мирно решение за конфликтот.

Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од придњестровската територија на Молдавија и да привлече внимание на кршењето на човековите права во регионот, кои се под контрола на непризнаен режим. Поради присуството на овие теми во резолуциите на ОН, проблемот со конфликтот во Придњестровје е на агендата на светската заедница – изјави Гаврилица на брифинг.

Според неа, официјален Кишињев сака да најде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани, пренесе агенцијата РИА Новости.

Во јуни 2018 година, Генералното собрание на ОН ја повика Русија да ги повлече своите трупи од Придњестровје. Резолуцијата ја поддржаа 64 земји, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани.

Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да го решат проблемот со сила, Приднестровје практично стана територија која не е контролирана од Кишињев, а во неа се распоредени руски трупи кои го одржуваат мирот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.