Повеќе од половина од гласачите во Молдавија гласаа за евроинтеграции на референдумот за членство на земјата во Европската унија, покажуваат прелиминарните податоци на Централната изборна комисија по обработени 98,38 отсто од гласачките ливчиња.

49,93 отсто од граѓаните гласале против идејата Кишињев да влезе во ЕУ.

Според податоците на ЦИК, 732.780 гласачи гласале за членство на Молдавија во ЕУ, додека 730.664 гласале против.

Претходно, синоќа Централната изборна комисија соопшти дека граѓаните на Молдавија на референдумот не гласале за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“.

Во рамките на референдумот беше потребно да се одговори на едно прашање: „Дали поддржувате измени на Уставот со цел членство на Република Молдавија во Европската Унија?“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.