Одборот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина за да обезбеди дополнително финансирање како помош државата да ја одржи својата економија додека трае војната со Русија.
Парите ќе дојдат од новата програма за итни заеми заради справување со недостигот на храна, која одборот на директори на финансиската институција ја одобри минатиот месец.
Украина, исто така, побара бордот на директори на ММФ да ја надгледува програмата со цел да ја зајакне политичката посветеност и дополнително да ја катализира поддршката од донаторите, објави ММФ.
ММФ објави дека руската воена операција во Украина, што почна на 24 февруари, предизвикала „страшно човечко страдање и економска болка“, проценувајќи дека оваа година БДП на Украина ќе претрпи пад од 35 проценти. ММФ веќе и одобри на Украина заем од 1,4 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.