Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во Израел, каде наскоро во Ерусалим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопштија утрово од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во Израел ќе биде неколку часа и се очекува попладне да се врати во Атина.

Денешната посета на грчкиот премиер не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини.

Во саботата, Мицотакис учествуваше на Самитот за мир во Каиро од каде што порача дека „ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение“, ја повтори грчката позиција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право и истакна дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.